м-р Викторија Кочевска – Директор
Орган на раководење на училиштето е директорот.
Тој како одговорно лице го претставува училиштето и е одговорен за законското работење на истото.
– Ја организира планира и ја води работата на училиштето,
– Подготвува програма за развој на истото
– Одговорен е за реализација на Годишната програма за работа
– Одговорен е за остварување на правата и обврските на учениците
– Врши избор и распоредување на наставници, стручни соработници и друг административно технички кадар,
– Се грижи за професионален развој на наставниците и стручните соработници,
– Обезбедува извршување на одлуки на Училишен одбор
– Се грижи за здравјето на учениците и за таа цел соработува со здравствените институции,
– Соработува со родителите и се грижи за нивно активно вклучување во училишниот живот на учениците