Кодекс на однесување

Кодекс

Училиштето не е модна писта

Поткрени си ги панталоните, да не дојдеш во ситуација да ги бараш низ училиште.

Колку ти е покусо здолништето, толку ти е покус паметот.

Искористи го летото за нови фризури и долга коса.

Не носи бермуди и хавајки, не си на Бермуди, ниту на Хаваи.

Ако ти го видат накитот во училиште, нема да биде интересен во диско.

Во училиште однесувај се како дома

Чувај го училиштето и училишниот двор – твои се.

Ако сакаш училиштето да биде контејнер, не заборавај дека и ти си во него!

Шкртање на клупи? Дефинитивно НЕ!

Завесите не се ластици за тегнење.

Не ги крши прозорците – ќе има промаја!

Ако сакаш да се клацкаш, не ги користи столчињата за тоа, оди во градина.

Не шкртај по ѕидовите! За графити има посебно место.

Можеш да испукаш многу, но само една да биде фатална за тебе.

Другарството нека ти биде најдобар другар

Дружењето, добрината, вниманието и позитивната енергија, сите не прават радосни и среќни.

Непријателството, кавгите, навредите шират натажени намуртени лица.

За големите- големи се оние што помагаат на помалите и послабите.

Биди добар другар да за имаш добри другари.

Ова се години кога треба да ги стекнеш пријателите.Немој да останеш сам!

Со туѓите животи се занимаваат само оние кои не знаат што да прават со своите.

Почит кон постарите – основна култура

Почитувај ги постарите, наставниците и училишниот персонал.

Биди културен! Да кажеш „Добро утро“ и „Добар ден“ и не е толку тешко.

Не го прекинувај наставникот додека зборува!

Доволно е да кренеш рака за да добиеш збор!

Потруди се да не доцниш на час!

Однесувај се пристојно на час!

На паметните луѓе не им е потребно опоменување, па ти види!

Kако се изработуваше кодексот на однесување на учениците