Куќен ред

Учениците и родителите имаат права, но тие имаат и обврски кон училиштето, кои треба да ги почитуваат.

КУЌЕН РЕД НА УЧИЛИШТЕТО

– Навремено доаѓање на училиште најдоцна 10 минути пред почетокот на наставата.

– Во случај на доцнење ученикот смее да влезе во училница по завршување на часот на кој задоцнил, а должен е да чека во холот на училиштето.

– Задоцнетиот ученик од одделенска настава да биде во присуство на родител додека не влезе на час

– Во училиштето , учениците и родителите  кои придружуваат деца ,влегуваат од вратата на северната страна (од кај игралиштето).

– Задолжително носење  примерна гардероба и фризура.

– Учениците го напуштаат кабинетот, за време на големиот одмор (тој се заклучува) под контрола на наставникот.

– Примерно однесување во училиштето, кабинетите и училиштен двор.

– Се излегува или влегува мирно, без трчање, туркање, викање, свирење и задржување по ходниците.

– По завршување на наставата  и другите воннаставни активности учениците не смеат да се задржуваат во училиштето и училишниот двор.

– Учениците кои доаѓаат пред часови за работа во секции и додатните активности се должни да влезат во кабинетите заедно со одговорниот наставник.

– Учениците не смеат да влегуваат во наставничката и директорската канцеларија без да бидат повикани.

– Учениците не смеат неоправдано да отсуствуваат и доцнат на настава и други училишни должности.

– Не се дозволува стоење , довикување, фрлање на предмети и  отпадоци од     .прозорците

– Учениците не смеат да повикуваат лица од други училишта за време на наставата во училиштето.

– Информации за распоредот на часови и приемни денови на предметните  наставници, учениците добиваат на огласната табла на училиштето.

– Чување на училишниот инвентар и правилно користење на книгите земени од училишната библиотека.

– Во случај ученикот да направи штета ја сноси самиот ученик (родител)

– Почитување на возрасните и учениците во училиштето  ,во училишниот двор и околината.

– Ученичките екскурзии се задолжителни за сите ученици согласно законот за основно образование и наставниот план и програма. Изостаноците од екскурзиите учениците (родителите) се должни да ги оправдаат.

ЗАБРАНЕТО носење и користење на:

– Храна и пијалоци во кабинетите и училниците

– Опасни, остри и тврди предмети

– Запаливи средства

– Наркотички средтства

ЗАБРАНЕТО користење, за време на час, на мобилни телефони.

Во спротивно предметот ќе му биде одземен на ученикот, ќе биде повикан родител и ќе бидат превземени соодветни педагошки мерки.

********************

– Родителот да се придржува на распоредот за приемни денови и отворениот ден на предметните наставници.

– Родителот да го остава-пречекува ученикот во училшниот двор (освен за прво, второ и трето одделение целодневна и прво одделение класична).

– Во случај на отсуство на ученикот родителот е должен во рок од три дена да го оправда.

– Во случај на барање на отсуство:

– Одобрување од еден час дава предметниот наставник

– За еден до пет наставни дена дава одделенскиот раководител

– Од шест до триесет наставни дена дава Директорот

– Навремено плаќање на паричните надоместоци за услугите кои неговото дете ги користи во училиштето.

ЗАБРАНЕТО:

– Влегување и разговарање со ученик или наставник за време на час, а за било каква потреба се обраќа на дежурните ученици и стручната служба.

– Застанување и паркирање со автомобили пред главната врата на училиштето.

– Влегување со автомобили и моторцикли во училишниот двор.

Директор – Елка Даскалова

03.09.2013 – Скопје