ПРВА РАБОТИЛНИЦА НА КРЕАТИВНИОТ ЦЕНТАР – КАРПОШ

Со експерименти и практизација во образованието, учениците во Општина Карпош ќе имаат можност да го надградуваат своето знаење и едукација во областа на природните науки. Професорот Зоран Поповски денеска (27.08.2015) ја одржа првата работилница по предметот хемија во рамките на креативниот центар – Карпош, која се одржа во ООУ “Владо Тасевски”. На 12 професори по хемија од сите десет основни училишта на територија на Општина Карпош, инструкции во практичниот дел им презентираше научникот проф.д-р Методија Најдовски, кој предава експериментална хемија на Инстиутот на Природно – математички факултет. Целта на оваа работилница е унапредување на практичната настава, како и развивање на учениците заинтересирани за ваквиот тип настави. Професорот Методија се обиде со неколку експерименти да им го презентира значењето на хемискиот состав преку пламени столбови, експеримент во епрувети и други. Претседателот на креативниот центар – Карпош, Зоран Поповски подетално образложи за целите на истиот и истакна дека во наредниот период ќе следат исти вакви работилници по предметите биологија и физика.