Активности на наставниците од ООУ Владо Тасевски според реализираните содржини од Кембриџ програмата – учебна 2015/2016 год.

Наставниците посетуваа обуки и истите ги реализираат во наставата. На отворените часови присуствуваа директорот, педагогот и дефектологот на училиштето.

Ние првачињата од I г одделение,на часот по математика учевме низ игра… Со нашата наставничка Фросина С. Јовановски си броевме,боевме,препознававме и дознававме кои парови на броеви го сочинуваат бројот 10 ! Со Кембриџ програмата математиката ни е многу интересна , ја учиме лесно како песна !

Учениците од III а одделение со нивната наставничка Рената М. Елек го реализираа часот по математика “ Да добиеме 100 “. Преку интересни активности од учебникот и посочените материјали од програмата Кембриџ,учениците самостојно и во парови користејќи картички со броеви составуваа разни математички задачи…

Одделенскиот наставник Слободанка Кочовска Бадаровска со учениците од Vг одделение на часот по математика од програмата Кембриџ ја реализираа наставната содржина-Дропки. Сликовито претставуваа разни видови на дропки,ги запишуваа и ги споредуваа.. Активностите беа насочени со цел да се поттикне интегрираното размислување кај учениците.Со користење на разни дидактички материјали и мотивациони техники, учениците се мотивираа конкретно да размислуваат и истовремено брзо да даваат точни одговори.

Одделенскиот наставник Сандра Ѓорѓиевска и нејзините ученици од II г одделение го реализираа часот по математика со примена на техники за учење од програмата Кембриџ .Наставната содржина “Броеви меѓу полни десетки учениците ја усвоија во целост. Со разни форми и методи на работа беа мотивирани да го покажат своето знаење…