Детска недела

Од 03 до 07.10 во нашето училиште и оваа година се одбележа Детската недела. На 03.10 (понеделник) посебно внимание се посвети на Светскиот ден на детето и по тој повод учениците се потсетија на историјатот како и на правата на детето кои произлегуваат од Конвенцијата за правата на децата. Во текот на оваа недела ученици-членови на Детската организација од поголемите одделенија со касичка на ДО и маркички со вредност од 5 ден. поминуваа низ сите одделенија со што сите ученици ја покажаа на дело својата хуманост и свесност за големината и важноста на ДО. Во петокот на 07.10. (петок) со пригодна приредба првачињата од нашето училиште беа свечено примени во ДО и Црвениот крст.