Кодекс на однесување

Кодекс на однесување при следење и реализација на настава со учење на далечина

 

  1. Ученикот треба пристојно да се однесува и да ги почитува правилата кои заедно со наставникот ги утврдиле после првиот онлајн час.
  2. Ученицитеја применуваат државната унифицирана платформа според насоки дадени од наставниците.
  3. Учениците се должни да присуствуваат на онлајн наставата и да се придржуваат според распоредот на часови и смени.
  4. Ученикот во онлај наставата се вклучува навремено.
  5. Доколку ученикот има проблем со логирање или други проблеми  во врска со вклучувањето во наставата со учење на далечина го известува за тоа наставникот преку телефин, смс порака илид порака преку друга апликација  која ја користат за меѓусебна комуникација.
  6. За секое отсуство (неприклучување) наставникот води евиденција во пишаниот дневник .
  7. Секој изостанок за којученикот/родителот нема оправдување се регулира како неоправдан изостанок.
  8. Неоправданите изостаноци се регулираат согласно Правилникот за изрекување на педагошки мерки.
Писмена опомена

7-10 од класен раководител

10-15 од совет на на паралелка;

15-20 од директор

20-25 опомена пред отсранување
25-30 отстранување од училиште

 

  1. Учениците активно учествуваат во онлајн наставата, навремено ги извршуваат задачите и да ги доставуваат до наставниците во предвидениот рок.
  2. Во текот на реализацијата на онлајн наставата учениците се должни да ги почитуваат насоките од наставниците во техничкиот дел (вклучување на тон споделување на завршената задача…)
  3. Просторијата во која престојува ученикот за време на наставата треба да има услови за непречено изведување на истата, односно да биде добро осветлена и со затворени прозорци поради звучноста на просторијата.
  4. За време на наставата треба да се однесуваат со почит кон наставникот и своите соученици.
  5. Учениците за време на онлајн наставата дебатираат само за она што е поврзано со наставната единица.
  6. За време на наставата со учење на далечина учениците треба до себе да имаат учебници, тетратки и останат прибор за кој наставникот претходно ги информирал дека ќе им бидат потребни.
  7. Строго се забранува споделување на телефонски броеви, електронски адреси или ID кодови на наставниците.
  8. Учениците не смеат:
  • да започнуваат меѓусебна комуникација надвор од наставата;
  • да користат емотикони (смајли) односно да ги користи алатките на платформата за попречување на наставата или пак на друг начин им го одвлекува вниманието на учениците.
  • да користат кратенки (lol, tnx…)
  • да користат непристојни изрази
  • да превземаат туѓи содржини/трудови (на пр. домашна задача, проект и сл.)
  • Да снимаат, сликаат и да ја споделуваат наставата.
  1. Во случај на недисциплина, непримерно однесување кон наставниците и другите ученици во паралелката, нарушување и попречување на онлајн наставата, наставникот води евиденција во дневникот за работа и се постапува согласно Правилникот за изрекување на педагошки мерки.
  2. Согласно Планот и Протоколот од МОН учениците во договор со наставниците се должни во мали групи со физичко присуство да ги реализираат предвидените тестирања, писмени работи и да ги достават изработените елаборати, проекти и програми.
  3. Учениците кои немаат технички услови за следење на наставата (компјутер, смарт телефон или интернет) должни се да ги известат класните раководители и да побараат печатен материјал.
  4. Секој ученик се обврзува да го почитува и спроведува овој кодекс на однесување.

Кодекс

Училиштето не е модна писта

Поткрени си ги панталоните, да не дојдеш во ситуација да ги бараш низ училиште.

Колку ти е покусо здолништето, толку ти е покус паметот.

Искористи го летото за нови фризури и долга коса.

Не носи бермуди и хавајки, не си на Бермуди, ниту на Хаваи.

Ако ти го видат накитот во училиште, нема да биде интересен во диско.

Во училиште однесувај се како дома

Чувај го училиштето и училишниот двор – твои се.

Ако сакаш училиштето да биде контејнер, не заборавај дека и ти си во него!

Шкртање на клупи? Дефинитивно НЕ!

Завесите не се ластици за тегнење.

Не ги крши прозорците – ќе има промаја!

Ако сакаш да се клацкаш, не ги користи столчињата за тоа, оди во градина.

Не шкртај по ѕидовите! За графити има посебно место.

Можеш да испукаш многу, но само една да биде фатална за тебе.

Другарството нека ти биде најдобар другар

Дружењето, добрината, вниманието и позитивната енергија, сите не прават радосни и среќни.

Непријателството, кавгите, навредите шират натажени намуртени лица.

За големите- големи се оние што помагаат на помалите и послабите.

Биди добар другар да за имаш добри другари.

Ова се години кога треба да ги стекнеш пријателите.Немој да останеш сам!

Со туѓите животи се занимаваат само оние кои не знаат што да прават со своите.

Почит кон постарите – основна култура

Почитувај ги постарите, наставниците и училишниот персонал.

Биди културен! Да кажеш „Добро утро“ и „Добар ден“ и не е толку тешко.

Не го прекинувај наставникот додека зборува!

Доволно е да кренеш рака за да добиеш збор!

Потруди се да не доцниш на час!

Однесувај се пристојно на час!

На паметните луѓе не им е потребно опоменување, па ти види!

Kако се изработуваше кодексот на однесување на учениците