По повод одбележување на Денови на општина Карпош во ООУ Владо Тасевски беше отворена Детска ликовна изложба

По  повод  одбележување на Денови  на општина Карпош на 30.10.2015 година во ООУ Владо Тасевски беше отворена Детска ликовна  изложба , на која учество земаа училиштата од општина Карпош, при што беа доделени дипломи за освоено I, II и III место. За учество на изложбата дипломи добија и менторите на наградените ученици. По повод  успешно  организирана ликовна изложба во ООУ Владо Тасевски, диплома доби и директорот на училиштето  М-р Елка Даскалова.