Соопштение за организација на почеток на учебната 2015-2016 година

Почитувани ученици и родители,

Учебната 2015/2016 година започнува на 01.09.2015 година со следниов распоред:

  • Учениците од II-V одделение ќе имаат само 1(еден) наставен час од 08.00  08.40 часот;
  • Учениците од VI-IX одделение ќе имаат само 1(еден) наставен час од 11.00 11.40 часот;
  • Свечениот прием на првачиња започнува во 09.00 часот во аулата на училиштето. Се замолуваат родителите на новите првачиња да доаѓаат во аулата на училиштето исклучиво во период од 08.50 09.00 часот поради запазување на редоследот на воспитно-образовниот процес.

         Наставата од 02.09.2015 година, редоследно следните денови ќе се одвива по следниов редослед:

  • Учениците од VI-IX одделение ќе бидат во континуитет прва смена од 08.00 часот;
  • Учениците од целодневна настава во континуитет започнуваат од 08.00 часот;
  • Учениците од класичните паралелки од I, II и III одделение првите 2 (две) седмици се прва смена од 08.00 часот;
  • Учениците од класичните паралелки од IVг, и Vа, б, в, г одделение првите 2(две) седмици се втора смена од 13.00 часот;
  • Учениците опфатени со дневен престој првите 2(две) седмици се втора смена од 11.30-16.00 часот

На сите ученици и вработени при ООУ Владо Тасевски-Скопје менаџментот им посакува среќен почеток на новата учебна година, а на родителите успешна соработка со училиштето

СРЕЌНО НА СИТЕ!

    Директор
М-р Елка Даскалова