Category Archives: Настава

Јазикот на хемијата

Експериментите изведени практично се секогаш интересни и ја будат љубопитноста на учениците кон хемијата. Во соработка со предметниот наставник Сузана Стојанова во ООУ Владо Тасевски, дипл. инж.  технолог  Билјана З. Попова-родител и асистент Бојан Атковски-дипл. инж. технолог од  лабораторијата при Технолошко-Металуршкиот Факултет-Скопје беа изведени повеќе експерименти во времетраење од  еден училишен час (40 минути). Експериментите беа презентирани во кабинетот по хемија на 07.12.2015 год.

Повеќе


На час во IV б, ПРИРОДНИ НАУКИ

За се што учат по ПРИРОДНИ НАУКИ  учениците од  IV б со наставничката Мирјана Андреска сами претпоставуваат, истражуваат, практично го проверуваат и применуваат. Па коj  ќе каже: ,, вака стекнато знаење се заборава,, – ве лаже. Сега знаат сите дека науката е лесна за што по македонски ќе напишат песна.

Активности на наставниците од ООУ Владо Тасевски според реализираните содржини од Кембриџ програмата – учебна 2015/2016 год.

Решавањето на математичките задачи за учениците од Vа  беше едноставно и лесно. Со нивната наставничка Светлана Јурукова дропките и децималните броеви ги решаваа брзо и точно. За нив математиката се чинеше дека е едноставна а нивната меѓусебна соработка беспрекорна. Во дневен престој за домашната, наставничката Александра Николиќ е мајстор. Задачите се решаваат лесно а децата спокојно си седат на место. Тука сме сите ние

Повеќе


Кембриџ содржините беа преточени во интересни активности за учениците. Менаџерскиот тим на училиштето ги посети отворените часови во паралелките на одделенска настава …

За да немаме со “еквивалентноста“ мака Се договоривме еве вака: Децималните броеви и чистите  дропки ги подредивме за да не ни прават сопки; На бројната низа наоѓаш дропки по даден крој па веднаш  ги претвораш  во децимален број; Наставничката В.Станиславски Коцеска деловите од цело ги претвори во дело, нé  потсети таа на нотите од учените  песни, па задачите ни станаа уште полесни. Во нашето одделение , V Б се

Повеќе


Активности на наставниците од ООУ Владо Тасевски според реализираните содржини од Кембриџ програмата – учебна 2015/2016 год.

Oдделенскиот наставник Жаклина Миланковска со своите ученици од II б одделение реализираа наставен час по Математика . Учениците броеја, редеа, изготвуваа парни и непарни броеви во низата до 100. Наставничката имаше сработено преубави надгледни средства преку кои учениците со задоволство ја прифатија новата содржина и новите поими. Интересно  повторување  на наставната единица “ Еколошки загадувачи” имаше одделенскиот наставник Верче Атанасова од  IV б одделение, преку

Повеќе


Кембриџ содржините беа преточени во интересни активности за учениците. Менаџерскиот тим на училиштето ги посети отворените часови во паралелките на одделенска настава …

На  30.09.2015 год.  Цветанка Петрова , одд.наставник во I одд и Валентина Клопчевска  одд.наставник во II одделение, реализираа со своите ученици успешни и интересни часови по наставниот предмет Математика. Учениците визуелно препознаваа број на елементи,со манипулативни средства ја формираа и ја означуваа нивната бројност,собираа еднакви собироци,а потоа прескокнувајќи по 2,5,10....броеја до 100.... На 1.10.2015 год. Одделенските наставници  Магдалена Палковска ( III одд.) ,Анастасија Чефиова

Повеќе


Активности на наставниците од ООУ Владо Тасевски според реализираните содржини од Кембриџ програмата – учебна 2015/2016 год.

Наставниците посетуваа обуки и истите ги реализираат во наставата. На отворените часови  присуствуваа директорот, педагогот и дефектологот на училиштето. Кембриџ содржината по математика -,,Одредува парови од двоцифрени броеви чиј збир е 100,, беше реализирана од одделенскиот наставник Мирјана Андреска. Со примена на разни дидактички материјали , манипулативни средства и креативни изработки за учениците од IV б одделение овој час претставуваше вистинска мотивација... Одделенскиот наставник

Повеќе


Активности на наставниците од ООУ Владо Тасевски според реализираните содржини од Кембриџ програмата – учебна 2015/2016 год.

Наставниците посетуваа обуки и истите ги реализираат во наставата. На отворените часови присуствуваа директорот, педагогот и дефектологот на училиштето. Ние првачињата од I г одделение,на часот по математика учевме низ игра... Со нашата наставничка Фросина С. Јовановски си броевме,боевме,препознававме и дознававме кои парови на броеви го сочинуваат бројот 10 ! Со Кембриџ програмата математиката ни е многу интересна , ја учиме лесно како песна

Повеќе


Час по математика за второ одделение според програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ!

Час по математика за второ одделение според програмата на Меѓународниот центар за испити на Кембриџ! Оспособување на учениците да бројат предмети и користат групирање по два.

Учениците активно ги совладуваат содржините предвидени за возраста

Во прилог со фотографии ги прикажуваме активностите на учениците на часовите и во слободно време.