КУЌЕН РЕД НА УЧИЛИШТЕТО ООУ „Владо Тасевски“- Скопје
Навремено доаѓање на училиште, 30 минути пред почетокот на наставата за
наставниците, 15 минути за учениците.
Во случај на доцнење, ученикот може да влезе на настава на следниот час,
а дотогаш е должен да чека во холот на училиштето.
Задоцнетиот ученик од одделенска настава да биде во присуство на
родител додека не влезе на час.
Во училиштето, учениците и родителите кои придружуваат деца, влегуваат
од вратата на северната страна (од кај игралиштето).
Задолжително придржување на кодексот на облекување и однесување, од
страна на вработените, учениците и родителите.
Задолжително е примерно однесување во училиштето, кабинетите и
училиштен двор.
Учениците кои доаѓаат пред часови за работа во секции и додатните
активности се должни да влезат во кабинетите заедно со одговорниот
наставник.
Учениците смеат да влегуваат во наставничката и директорската
канцеларија само доколку бидат повикани.
Учениците задолжително треба да се редовни на настава и други училишни
активности и должности.
Не е дозволено стоење, довикување, фрлање на предмети и отпадоци од
прозорците.
Учениците немаат право да повикуваат лица од други училишта за време на
наставата во училиштето.
Информации за распоредот на часови и приемни денови на предметните
наставници, учениците и родителите добиваат на огласната табла и веб
страна на училиштето.
Чување на училишниот инвентар и правилно користење на книгите земени
од училишната библиотека.
Во случај ученикот да направи било каква штета во училиштето,
финансискиот трошок за репарација на штетата ја сноси самиот ученик
односно неговиот родител/старател.
НЕ Е ДОЗВОЛЕНО учениците да носат и користат:
Наркотични средства, цигари и аикоси.
СТРОГО Е ЗАБРАНЕТО за време на час, користење на мобилни телефони.
Во спротивно предметот ќе му биде одземен на ученикот, ќе биде повикан родител
и ќе бидат преземени соодветни педагошки мерки.
Родителот да се придржува на распоредот за приемни денови и отворениот
ден на наставниците, за консултации.
Родителот да го остава - пречекува ученикот во училишниот двор (освен за
учениците во паралелките со продолжен престој).
Во случај на отсуство на ученикот родителот е должен во рок од три дена да
го оправда.
Во случај на барање на отсуство:
Одобрување од еден час дава предметниот наставник
За еден до пет наставни дена дава одделенскиот раководител
НЕ Е ДОЗВОЛЕНО:
Влегување и разговарање со ученик или наставник за време на час, а за
било каква потреба родителот се обраќа на лицето кој го обезбедува
училиштето.
Застанување и паркирање со автомобили пред главната врата на
училиштето.
м-р Викторија Кочевска, директор на училиштето