Почитувани,
Еко Логик, Центар за ресурси во животна средина (РЕЦ) – Северна Македонија и Флорозон - Центар за еколошка демократија во јули 2024 год. започнаa со спроведување на проектот „Граѓански активизам за остварување на циркуларна економија во управувањето со органски отпад“. Општата цел на проектот е постигнување на циркуларна економија преку одржливо управување со органски отпад со стекнување на практични знаења, коишто придонесуваат за остварување на одржлив развој.
Во рамките на проектот започнавме со спроведување на електронска анкета за утврдување на знаењето на населението за штетниот ефект од биоразградливата компонента на био-отпадот и степенот на познавање на начините за постапување со органскиот отпад, што се генерира во домаќинствата.
Анкетата е насочена кон сите граѓани на територија на Град Скопје и Скопскиот плански регион, со посебен фокус на жителите на Општина Кисела Вода, Општина Карпош и Општина Ѓорче Петров. Кон анкетата можете да пристапите на следниов линк:
Би ви биле особено благодарни, доколку линкот заедно со пропратното писмо се објавени на вашите социјални медиуми и веб страна. Резултатите се особени важни за текот на реализирање на следните проектни активности.