Прашалникот служи за да се формира листата на слободни изборни предмети - од одговорите што ќе се добијат зависи кои слободни изборни предмети ќе бидат понудени.
Прашалникот се пополнува анонимно - никој не го пишува своето име и презиме, затоа секој ученик треба да одговори онака како што навистина мисли.
1. Заокружи во кое одделение учиш: IV, V, VI, VII
2. Заокружи најмногу три од задолжителните предмети од чија област би сакал/сакала училиштето да понуди слободни изборни предмети:
• Македонски јазик
• Странски јазици
• Математика
• Природни науки
• Историја и општество
• Техничко образование и информатика
• Ликовно образование
• Музичко образование
• Класична култура
3. Заокружи најмногу три други области од кои би сакал/сакала училиштето да понуди
слободни изборни предмети:
• Фигури од хартија(оригами,хартиени украси и др.)
• Фотографија
• Театарски работилници
• Готвење
• Градинарство и холтикултура
• Резбарство
• Моделарство
• Танцување
• Шах
4. Заокружи најмногу три други области за поддршка на личниот и социјалниот развој од
кои би сакал/сакала училиштето да понуди слободни изборни предмети:
• Разрешување конфликти
• Финансиска писменост
• Мултикултурни работилници
• Градење интерперсонални односи
5. Заокружи најмногу три спортско-рекративниактивности кои би сакал/сакала да ги понуди училиштето како слободни изборни предмети:
• Ракомет
• Одбојка
• Пинг-понг
• Кошарка
• Фудбал
• Гимнастика
БЛАГОДАРИМЕ НА СОРАБОТКАТА