Активности на наставниците од ООУ Владо Тасевски според реализираните содржини од Кембриџ програмата – учебна 2015/2016 год.

Наставниците посетуваа обуки и истите ги реализираат во наставата. На отворените часови  присуствуваа директорот, педагогот и дефектологот на училиштето.

Кембриџ содржината по математика –,,Одредува парови од двоцифрени броеви чиј збир е 100,, беше реализирана од одделенскиот наставник Мирјана Андреска. Со примена на разни дидактички материјали , манипулативни средства и креативни изработки за учениците од IV б одделение овој час претставуваше вистинска мотивација…

Одделенскиот наставник Жаклина Миланковска со своите ученици од II б одделение реализираа наставен час по Математика – ,,Броеви меѓу две полни десетки,, Со интересни содржини од програмата Кембриџ,учениците откриваа ,ги именуваа и подредуваа во низи сите броеви кои се наоѓаат меѓу полните десетки.

Малите првачиња од I в одделение на часот по Природни науки беа во улога на истражувачи. Ги активираа своите сетила и покажаа дека можат да вкусат разни производи кои за нив на часот ги донесе нивната наставничка Снежана Трајковска. Наставната содржина ,,Можам да вкусам,,од темата: ,,Ние,,беше со задоволство научена….

Учениците од IV б одделение на часот по Природни науки покажаа дека се вистински екологисти. Користејќи разни презентации и дидактички игри,одд.наставник Верче Атанасова ги водеше учениците низ наставната содржина,,Грижа за животната средина,, а тие пак давајќи точни одговори потврдија дека знаат како да се грижат и да ја зачуваат животната средина чиста.