Oдделенскиот наставник Жаклина Миланковска со своите ученици од II б одделение реализираа наставен час по Математика . Учениците броеја, редеа, изготвуваа парни и непарни броеви во низата до 100. Наставничката имаше сработено преубави надгледни средства преку кои учениците со задоволство ја прифатија новата содржина и новите поими.
Интересно повторување на наставната единица “ Еколошки загадувачи” имаше одделенскиот наставник Верче Атанасова од IV б одделение, преку различни презентации учениците одговараа.Даваќи точни одговори потврдија дека знаат кои се најголемите загадувачи и како да се грижат за животната средина за истата да биде чиста.
Учениците од 5в одделение заедно со својата наставничка Јованка Трпкова на часот по математика учеа за децималните броеви и правилните дропки. Децата претставувајќи ги дропките графички и во дигитрон без мака ги совладаа овие задачи и воедно на крајот од часот преку креативна игра во парови, изготвена од наставничката и со подредување на децималните броеви во низа меѓусебно ги утврдија знаењата стекнати на тој час.
Кај наставничката Јадранка Божиновска за забите и нивната функција учениците научија денес. Сега тие знаат како се именуваат забите, но знаат и која е разликата помеѓу забите на човекот и животните …
Наставничката Јованка Симоновска со учениците од 4г одделение приредија во нивната училница 3 вида на природни катастрофи. Иако беше застрашувачки во исто време да се доживее земјотрес, цунами и ерупција на вулкан, сите останавме живи и побогати со нови знаења и искуства.