АЛГОРИТАМ ЗА ПОСТАПУВАЊЕ ВО ООУ ,,ВЛАДО ТАСЕВСКИ,, КАРПОШ- СКОПЈЕ ВО СЛУЧАЈ НА ПОЈАВА НА УЧЕНИК СО СИМПТОМИ, СОМНИТЕЛЕН/ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19 ВО УЧЕБНАТА 2020/21 ГОДИНА

Согласно епидемиолошката состојба со КОВИД-19 во државата, досегашните пракси и протоколи за постапување во услови на епидемија со КОВИД-19, Aлгоритамoт за постапување во oсновните и средни училишта усвоен од Владата,училиштето изготви сопствен  алгоритам за постапување  во случај на појава на ученик со симптоми, сомнителен/позитивен на КОВИД-19.

ПОСТАПКИ ПРИ ПОЈАВА  НА УЧЕНИК СО СИМПТОМИ, СОМНИТЕЛЕН/ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19

  1. Лице за контакт со Центарот за Јавно здравје: Снежана Мирчевска , психолог во училиштето

2.Доколку ученик, за време на престој во училиште, развие покачена телесна температура над 37,5 С° и симптоми карактеристични на КОВИД-19 (малаксалост, кашлица, отежнато дишење, пролив, повраќање и др.)  одделенскиот  раководител веднаш се изолира во посебна просторија за изолација во училиштето – училишната кујна

  1. Додека ученикот е во изолација за него се грижи дежурен наставник.

4.Одделенскит наставник веднаш го известува и повикува родителот/старателот да дојде во училиштето и лицето за контакт со Центарот за Јавно здравје – психологот во училиштето.

5.Психологот во училиштето  стапува во контакт со епидемиолошката служба во надлежниот Центар за јавно здравје и со матичниот доктор/педијатар на ученикот.

6.Во координација меѓу епидемиологот од епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ, матичниот лекар/педијатар и родителот/старателот на детето се одлучува за понатамошната дијагноза/тестирање/третман на ученикот.

7.Согласно проценката на епидемиологот од надлежниот ЦЈЗ  за можниот ризик од проширување на инфекцијата во одделението/класот или целото училиште одговорните во училиштето ќе преземат  активности  по дадени инструкции.

8.Назначеното одговорното лице во училиштето ги обезбедува следните податоци:

  • Име/презиме, возраст на ученикот, адреса и место на живеење (клас во училиште) на ученикот потврден на КОВИД-19, со контакт телефон од родителите/старателите
  • Список на учениците со име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт од родителите/старателите од одделението/класот во кој ученикот престојува во училиштето и податоци за наставникот(име/презиме, возраст, адреса и место на живеење, со број за контакт)кој го води одделението со истите горенаведени податоци
  • Дополнително, список на други наставници/вработени лица кои биле во контакт со потврдениот ученик

–    Списокот со контакти на потврдениот ученик ги доставува до епидемиолошката служба на надлежниот ЦЈЗ.

 

9.Назначеното одговорно контакт лице  го известува Министерството за труд и социјална политика за појава на потврден случај на КОВИД-19 во училиштето.

10.Ученикот позитивен на SARSCoV-2  продолжува во домашна изолација под здравствен надзор со решение од ДСЗИ. Неговата здравствената состојба ја следи матичниот лекар, или доколку се појави потреба се хоспитализира.

11.Родителите/старателите на детето позитивно на SARSCoV-2 како блиски контакти одат во домашна изолација со решение од ДСЗИ.

12.Надлежниот епидемиолог организира спроведување на вонредна дезинфекција во училиштето.

 

ПОСТАПКИ ВО СЛУЧАЈ  НА  УЧЕНИК ЗА КОЈ Е ДОКАЖАНО ДЕКА Е НЕГАТИВЕН НА SARSCoV-2

Ученикот кој бил сомнителн на КОВИД-19, а за кој е докажано со PCR тестирање дека е негативен на SARS-CoV-2, продолжува да го посетува училиштето и наставата со приложена потврда од матичениот лекар дека е во добра здравствена состојба и може да посетува училиште.