По повод Велигденските празници на10-ти, 11-ти и 12-ти Април, ООУ “Владо Тасевски” организираше велигденска изложба. Учениците со своите многубројни рачни велигденски изработки (јајца, украси, честитки) ги воодушевија големиот број посетители и ја покажаа нивната креативност. Манифестацијата се оддржа во холот на училиштето.
На велигденските работилници учествуваа сите ученици и наставници од I до VIII одделение како и родителите кои ја дадоа својата целосна поддршка. Учениците и вработените од ООУ “Владо Тасевски” на сите ученици,родители и граѓани на општина Карпош и Република Македонија им ги честитаат Велигденските празници.