ВОННАСТАВНА АКТИВНОСТ: Посета на општина Нови Београд, како збратимена општина со општина Карпош
Реализатор: ООУ Владо Тасевски, Директор м-р Елка Даскалова, предметен наставник Смиља Христовска
Подрачје: МИО
Активност: Посета на збратимена општина
Период: 14.09-18.09.2015
Цели: Учениците да ги прошират своите знаења за градот Белград, да се запознаат со неговите знаменитости, начин на работа, да научат што е заедничко дружење иако зборуваат на различен јазик.Да ги почитуваат различностите и соодветно да ги прифаќаат.
Активности на учениците: Како резултат на минатогодишната посета на општина Нови Београд во општина Карпош, оваа година учениците од ООУ Владо Тасевски беа во посета на општина Нови Београд. Учесници беа 8 ученици од 8б паралелка.
Агенда: 14,09-Пристигнување во градот, средба со учениците од ОШ Ратко Митровиќ, разглед на градот
15,09-Посета на ОШ Ратко Митровиќ, посета на часови, разглед на училиштето и запознавање со нивниот начин на работа
16,09-Посета на Општина Нови Београд, средба на учениците со градоначалникот на Нови Београд
17,09-Спортски ден на Ада, дружење и рекреација
18,09-Испраќање со домаќините, посета на македонската амбасада и средба со амбасадорката во Србија и заминување за Скопје
Активности на наставникот: Раговор и дискусија со најава за патувањето, организаторски подготовки.
Очекувани исходи: Учениците развиваат интерес за запознавање на нов град, ја поврзуваат теоријата со праксата, стекнуваат нови познанства.
Смиља Христовска
предметен наставник по германски јазик