Во нашето училиште се одбележа Денот на пролетта и екологијата со безброј активности! Во пресрет на денот на пролетта и екологијата учениците истражуваа колку отпад се создава во нашата држава, каков вид отпад се создава, дали се селектира и каде завршува отпадот од домаќинствата. На 21 март учениците ги презентираа резултатите од истражувањето, ја истакнаа потребата од селекција на отпад и правилно справување со отпадот. Изработија еко пораки и флаери со цел подигање на јавната свест за еколошко однесување под мотото – Да го направиме светот подобро место за живеење!
- Home
- Соопштенија
- Денот на пролетта и екологијата