е-настава

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани родители и ученици,

ООУ Владо Тасевски Ве известува дека започна со настава по електронски пат за учениците од деветто одделение.

Приоритетот е ставен на деветитте одделенија, како резултат на фактот што учениците – полуматуранти ќе се соочат со уписи во средно училиште, но ги охрабруваме и пониските класови да ја спроведат платформата. Ваквиот начин на учење доаѓа како резултат на состојбата за превенција и заштита од Covid – 19 (коронавирус) и поради и прекинот на воспитно – образовниот процес.

Нашето училиште во корелација со Општина Карпош креираше платформа на Google drive, преку која ќе се прикачуваат материјалите, кои согласно наставните програми, би се учеле во овој период од годината.

Наставниот кадар ќе прикачува презентации, предавања во форма на видео формат, прашања и анкети за учениците и други образовни содржини. Целта е да се создаде интерактивна настава, која ќе придонесе во надоместување и  анимирање на учениците во следниов период.

Директор

М-р Елка Даскалова