ООУ ,,Владо Тасевски,, Скопје распишува
ОГЛАС
За запишување на ученици во прво одделение за учебната 2013/2014 година.
Учениците кои се запишуваат во прво одделение треба да се родени 2007 година, поточно до крајот на календарската 2013 година треба да наполнат 6 години.
Исто така право на запишување имаат и деца кои до 31.01. 2014 година ќе наполнат 6 години.
Потребни документи за упис во прво одделение:
Извод од матична книга на родените,
Потврда за примени задолжителни вакцини,
Потврда од стоматолог за извршен стоматолошки преглед, ( се подигнува од Поликлиника Букурешт – ординација по детска и превентивна стоматологија),
Фотокопија од лични карти на родителите,
Потврда за редовен работен однос од двајцата родители ( доколку сакаат детето да биде во целодневна настава).