Иновативни начини на учење

Иновативни начини на учење. Учениците соработуваат и учат од професионалци. На час по биологија во VIII одд. на покана од наставничката по биологија Емилија Василева Чоловиќ, гостуваше  Д-р. Андријана Јаневска Трпковска, доктор по интерна медицина која со своето долгогодишно искуство им пренесе знаење на учениците за градбата, функцијата и болестите на циркулаторниот систем.

 

Поврзување на теоријата со пракса. Учениците од VIII одд. придружувани од наставничката по биологија Емилија Василева Чоловиќ, беа во посета на ПЗУ ИНТЕРМЕД-ПЛУС, специјалистичка ординација по интерна медицина. Д-р Андријана Јаневска Трпковска, доктор по интерна медицина ги запозна учениците со медицинската опрема во ординацијата,  им покажа како со ЕХО апарат се следи работата на срцето, крвните садови и другите внатрешни органи кај присутните пациенти. Учениците имааа можност практично да го применат знаењето од час и  да мерат пулс и крвен притисок кај пациентите.

 

Comments are closed.