На 30.09.2015 год.
Цветанка Петрова , одд.наставник во I одд и Валентина Клопчевска одд.наставник во II одделение, реализираа со своите ученици успешни и интересни часови по наставниот предмет Математика. Учениците визуелно препознаваа број на елементи,со манипулативни средства ја формираа и ја означуваа нивната бројност,собираа еднакви собироци,а потоа прескокнувајќи по 2,5,10….броеја до 100….
На 1.10.2015 год.
Одделенските наставници Магдалена Палковска ( III одд.) ,Анастасија Чефиова (III одд.),Татјана Јанкуловска (IV одд.) ,Ангела Пејовска ( I одд.) Елена Несторовска и Наташа Стефановска ( IV одд.) на часовите покажаа дека Кембриџ програмата го поттикнува интересот кај учениците и нивната желба за стекнување на нови знаења со примена на дидактички материјали и современа технологија во наставата…
На 2.10.2015 год.
Фотографиите од часовите реализирани од Наташа Пејовска,одделенски наставник во I одд. Весна Милетиќ и Снежана Јовковска во III одделение, потврдуваат дека учениците со примена на нови методи и техники, ги усвојуваат новите содржини со голем интерес и успех .Среќните лица на учениците го направиле овој ден уште поубав!