Кој бил Владо Тасевски?

Среде големата сиромаштија, во првата светска војна, на 21 март 1916 година, во градот под Маркови кули, се родил  Владо Тасевски, кого родителите го викалe Владо. Потекнувал од сиромашно семејство, кое се занимавало со одгледување на тутун.Од дете ја почуствувал горчината на тешкиот живот.

Во 1931 година завршил четврти клас ( VIII одделение) со одличен успех. Истата година се вработил во Ложилницата во Прилеп како чирак.Исто тогаш се зачленил во Железничкото музичко друштво.Во 1933цгодина станал член на напредното младинско друштво ,,Трезвена младеж,, и читал напредна социјалистичка литература. Во меѓувреме станал член на КУД ,,Коста Абрашевиќ,, и на УРС-овите синдикати во Прилеп. Така раснел и работел водејќи жилава борба за слобода на својот народ, подарувајќи му ја својата младост.

Во 1936 година Владо бил преместен и работел како бравар во Ложилницата во Скопје.При железницата формирал  засебен синдикален актив, чиј раководител станал тој.На 27.03.1941 година бил на чело на железничарите во демонстрациите против тројниот пакт и предавничката југословенска влада.Истата година Владо е примен за член на КПЈ за Скопје.

По провала во јули 1943 година Владо морал да ја напушти илегалната работа и од први август стапил во Шарскиот партизански одред. Во него како командир на чета поминал долг пат низ западна Македонијаи учествувал во ослободувањето на политичките затвореници во Пишкопеја.Покасно пристапил во Скопско-кумановскиот партизански одред и на крај во баталјонот ,,Јордан Николов,, , рамо до рамо со прославената Козјачка легенда-Карпош.

На 11 декември 1943 година во с. Дренок, во месноста Здравчи Камен во борба со четниците од Вардарскиот четнички корпус загина Владо Тасевски, кого партизаните го викаа Кољо. Во борилиштето беа паднати покрај Владо и четворица партизани кои го придружуваа и уште педесетина мртви и ранети четници.

Но утредента на врвот на Здравчи камен селаните ги нашле мртвите тела на партизаните .Сиот простор бил прослан со празни, испукани фишеци и изриен од бомби. Меѓу загинатите партизани еден бил со средна височина, развиен, силен маж, со мустаќи, два заба навлечени со бело вештачко злато и со црвен волнен џемпер. Тоа бил Владо Тасевски – Кољо.

Така загинал Владо кој го дал животот  за слобода на својот народ, за револуцијата за која велеше дека мора да има жртви.