Математика со размислување

Проект: ,,Математика со размислување од прво до трето одделение“

Проектот има за цел да овозможи совладување на целите по математика на начин и пристап поинтересен за учениците. Обучени се сите наставници од одделенска настава а нивни ментори се: Жаклина Милаковска и Силва Атанасова. Наставниците ментори разговараат со наставниците и им даваат сугестии за ефикасно реализирање на проектот преку посета на часови и јавни и меѓусебни дискусии.

Учениците најчесто работат во група и низ игра ги решаваат математичките проблеми. Понатамошна цел е организирање на работилници со родители за да можат и тие да се запознаат со подобриот начин на изучување на математиката и тие да го применат дома.