Меѓународниот ден без автомобили

Учениците од нашето училиште го одбележаа Меѓународниот ден без автомобили 22-ри септември и упатија пораки за еколошки начини на движење, со цел одржување на чиста животна средина. Учениците изработија  ликовни и литературни творби и учествуваа во дефиле со велосипеди. Учениците имаа јасни пораки:  ” Вози велосипед низ целиот свет! ” , ” Оди пеш за воздух свеж! “, ” Возам точак, не сум оџак “.