МЕЃУНАРОДНИ ПРИЗНАНИЈА ДО ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ од Оксфорд, Англија

Повод Меѓународниот натпревар: Одржливо Живеење 2015 (меѓународен натпревар по пишување есеј на англиски јазик )

“ Фондот за Одржливо Живеење” , со седиште во Велика Британија, официјално објави дека Момировска Елена  ученик од 6бодд. од ООУ Владо Тасевски , под менторство на кординаторот Teacher Champion   Виолета Панев се стекнаа со Наградно Признаниекако Финалисти од страна на “Фондот за Oдржливо Живеење “ за успешно учество во “Mеѓународниот натпревар во пишување Есеј “ во вората категорија на ученици од 12 години.

Цели “Меѓународниот Натпревар – Есеј 2015” и “Дебатата на Фондот за Одржливо Живеење “ има многу силна меѓународна перспектива која им дава можност на учениците да црпат инспирација и да споделуваат знаење за

подобрување на соработката и реализација на децениската агенда на Обединетите Нации за одржлив развој.

     “Литературното творење на тема есеј “ Што значи одржливо образование ? “ ги опишува чекорите и мерките што земјите во светот треба да ги превземат со цел да се постигнат целите во рамките на еден глобален одржлив развој. Организациите во областа на културата во рамките на ОН (Обединетите Нации) оваа декада продуцираа Шема на меѓународна имплементација за одржлив развој.” – вели директорот на Фондот за одржливо живеење.

Покана за учество: Елена и менторот ELTeacher Виолета Панев беа поканети во Оксфорд, Англија да ги добијат своите наградни сертификати (Finalist Certificate , Teacher Champion Certificate) на “Меѓународната Училишна Дебата” на церемонијата на доделувањето на признанијата и да дадат свој придонес во остварувањето на глобалните цели за одржлив развој.