ООУ „Владо Тасевски“ потпиша меморандум за соработка со ООУ „Хасан Приштина“

При посетата на ООУ Хасан Приштина во Општина Чаир, реализирани се МИО активности од забавно рекреативен карактер со учество на ученици од трето до шесто одделение и работилница со ученици од деветтите одделенија на тема “Мојата идна професија”.

Со големо задоволство е потпишан меморандум за продолжување на соработката во реализирање на понатамошни МИО активности помеѓу двете партнерски училишта. Партнерството при реализирање на овој проект за меѓуетничка интеграција во образованието  трае веќе шест години, предводено од координаторот професор Ангелина Костова со поддршка од директорот м-р Викторија Кочевска и  МИО тимот.

Радост е да се присуствува на вакви настани со кои развиваме свест за заедничка светла иднина.