Учество на Скопскиот маратон во трката од 5 км

  • 04.05.2019 Училишниот тим при ООУ Владо Тасевски, Скопје составен од 20 ученици од V до VIII одд. и раководен од наставничата по македонски јазик Соња Деловска и наставничката по биологија Емилија Василева Чоловиќ, учествуваа на Скопскиот маратон во трката од 5 км. Сите учесници во училишниот тим успешно ја постигнаа целта и дадоа позитивен пример за здраво живеење и однесување! Училишниот тим имаше одлична поддршка и мотивација од директорката Елка Даскалов.