Учениците од VIII одд. заедно со наставничката по биологија Емилија Василева Чоловиќ беа во посета на Ортопедска клиника Мајчин дом, Скопје. Домаќини беа д-р Јулијана Мудинова, специјалист по физиотерапија и д-р Алан Андоновски, специјалист по ортопедија.
Оваа соработка со професионалци им овозможи на учениците да го применат занењето во пракса. Учениците се потсетија на важноста од правилно држење на телото за време на наставата, надвор од училницата, дома, додека работат на компјутер, играат игри на мобилни телефони, пишуваат домашна работа, читаат книги итн.
Докторите ги запознаа учениците со последиците од неправилно држење на телото т.е со деформитети на ‘рбетот: сколиоза, лордоза и кифоза. Учениците вежбаа телесни вежби и практично го применија наученото.