Нашето училиште ООУ ,,Владо Тасевски,, како партнер училиште со Владата на СР Германија посебно значење добива со вклучување во проектот ,,Рано изучување на германскиот јазик“. Развојот се движи во насока на интеркултурно разбирање, во насока на политичката и економската соработка. Воведувањето на германскиот јазик во одделенската настава овозможува:
• Секое дете да добие шанса за изучување уште на еден странски јазик
• Раното учење на германскиот јазик е многу повеќе од едноставно учење на странси јазик- тоа има позитивно повратно дејство врз оформувањето на идентитетот, создавање слика за заедништвото и различноста на културите, а со тоа го релативира етноцентричното мислењеи овозможува прифаќање на тучите култури.
• Примарната настава во основните училишта ја дава основата за се она што се смета за вредно во општеството.
Раното учење на германскиот јазик користи психофизички карактеристики на детето согласно неговата возраст како што се: љубопитност, желба за знаење, потреба од комуникација, спремност и способност за имитирање како и за артикулација. Истовремено на детето му нуди дополнителна можност сестрано да се развива и му овозможува позитивен став кон странските јазици со што целосно ќе се занимава со еден странски јазик, воедно има и позитивно влијание на учењето во глобала.
Предметот германски јазик, како втор странски јазик (рано изучување на германскиот јазик) се воведува во наставниот план како проект од прво до петто одделение на деветгодишното основно образование.
Овој проект се изведува со учениците од прво и втор одделение со еден час неделно, однодно 36 часа годишно на ниво на одделение. А во трето четврто И петто одделение со по 2 часа неделно односно 72 годишно.