Учениците и наставничките од ООУ Владо Тасевски, во посета на урбаните заедници КЈП и ПБК

Учениците и наставничките од ООУ „Владо Тасевски“, денеска ги посетија урбаните заедници во општина Карпош, Пецо Божиновски- Кочо и Кузман Јосифовски –Питу. Со веселите детски насмевки и креативните маски, тие заедно со административците го прославија денот на шегата, први април. Соработката на ова основно училиште со сите урбани заедници во општина Карпош, прераснува во прекрасна традиција.

АПРИЛИЈАДА во КОЗЛЕ

Учениците од ООУ Владо Тасевски, продефилираа со своите маски низ населбата Козле.

НАГРАДЕНИ УЧЕНИЦИ НА КОНКУРСОТ ЗА НАЈДОБРА ЛИТЕРАТУРНА ТВОРБА И НАЈДОБАР ЦРТЕЖ.

Учениците  од  ООУ Владо Тасевски  земаа учество на наградниот конкурс за најдобра литературна творба и најдобар цртеж на тема: “ Јас го разбирам светот како поле за културен натпревар меѓу народите”, организирано од издавачката  куќа Феникс од Скопје. Наградените се тројца ученици со нивните наставници-ментори: Јана Толевска од IV в одделение, наставник-ментор Татјана Јанкуловска, Теа Трајковска од IV а наставник-ментор, Елена Несторовска, Томи Младеновски

Learn more


Видови на карпи-Вулкански

На часот по природни науки според наставната содржина   "Видови на карпи-Вулкански" , учениците од   IIIa  одделение  научија се за вулканските карпи и вулканите преку експериментот кој се изработи со: *брашно *сол *вода *темперни бои за вулканот и *сода бикарбона *црвена темперна боја *алкохолен оцет за реакцијата на вулканот.   Наставничките Рената Младенова Елек и Магдалена Божиноска Палковска го замесија тестото го изработија вулканот

Learn more


Природни науки-ВОЗИЛАТА СЕ ДВИЖАТ

На часот по природни науки според наставната содржина “ Возилата се движат”  учениците од   Ia  одделение  изработија прекрасни сообраќајни средства, а за истите беа користени одпадни материјали кои можат да се рециклираат. Воедно учениците се воспитуваат да ја чуваат и да се грижат за животната средина.

ИНТЕРНИ ПРОЕКТИ ВО ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ

Гостување во Македонска телевизија на директорката  М-р Елка Даскалова со учениците од IVa  и IVв оддление со нивните наставнички  Елена Несторовска, Наташа Стефановска и Татјана Јанкуловска. Училиштето зeма учество на меѓународни конкурси во пишување  есеи  и изработка на проект “ОДРЖУВАЊЕ НА ГРАДОВИТЕ”. Нашите ученици Диона Јосифовска и Елена Петрушевска добија покана за учество на дебата во Дубаи, ОАЕ,  за освоено прво место за проектот.Ученичката Елена

Learn more


Приемен ден на наставниците (учебна 2015-2016 год.)

НАСТАВНИК ПРЕДМЕТ КОЈ ГО ПРЕДАВА Приемен ден и наставен час Олгица Мешкова Македонски јазик Петок,  2 час Катерина Аницин Македонски јазик Петок,   4 час Соња Деловска Македонски јазик Вторник,    3 час Кети Таневска Математика Понеделник,  3  час Силва Атанасова Математика Среда, 3 час Мирјана Николовска Математика Понеделник  ,  4 час Санда Пулевска Германски јазик Вторник , 4 час Билјана И. Атанасова Англиски јазик Понеделник,

Learn more


TRASH FOR ART 2015

Приказната Trash for art трае веќе 5 години и во неа многу ликови,предмети и магични простори направени од амбалажен отпад.Нашата приказна продолжува и оваа година. TRASH FOR ART 2015 ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ-КАРПОШ-СКОПЈЕ ИЗРАБОТКА: СТОЛНА ЛАМБА Изработиле *Координатор ментор: Рената Младенова Елек *Ментор:Марица Бакоч *Ментор:Наташа Стефановска *Видое Јордановски Ученици: *Сара Елек IX в *Нина Талевска VIIIб *Лина Гегоска VIIIб *Искра Илиевска VIIIб *Ивана Динева VIIIб

Learn more


Јазикот на хемијата

Експериментите изведени практично се секогаш интересни и ја будат љубопитноста на учениците кон хемијата. Во соработка со предметниот наставник Сузана Стојанова во ООУ Владо Тасевски, дипл. инж.  технолог  Билјана З. Попова-родител и асистент Бојан Атковски-дипл. инж. технолог од  лабораторијата при Технолошко-Металуршкиот Факултет-Скопје беа изведени повеќе експерименти во времетраење од  еден училишен час (40 минути). Експериментите беа презентирани во кабинетот по хемија на 07.12.2015 год.

Learn more


Училишната заедница ја посетија манифестацијата ЕДНАКВИ ВО РАЗЛИЧНОСТА

По повод 3ти Декември-Меѓународниот ден на лицата со попреченост, членовите на Училишната заедница заедно со училиштниот дефектолог и педагог ја посетија манифестацијата ЕДНАКВИ ВО РАЗЛИЧНОСТА, која се одржа на Филозофскиот факултет-Скопје во организација на Институтот за дефектологија. Учениците имаа можност да разгледаат дел од рачните изработки на учениците со попреченост од целата држава, да се запознаат со Знаковното писмо за лицата со оштетен слух,

Learn more