Соопштенија

11111111111111111111111111111111

Целосниот текст на законот можете да го погледнете на следниот линк.

 

 

ПОКАНА

Почитувани,

По повод ,,Светскиот ден за права на детето,, на 20.11.2019 год. во 11.00 часот, во ООУ Владо Тасевски – Скопје, Ве покануваме заеднички да го  одбележиме овој голем ден, на кој ќе покажеме ученички активизам, меѓусебно дружење и многу забава. Настанот е во рамки на промовирање на новиот концепт на изучување на содржини по предметот Граѓанско образование.

Ќе ни биде особена чест ако и Вие ни се придружите на нас во нашето училиште ООУ Владо Тасевски-Скопје кога воедно и свечено ќе ја отвориме нашата ,,НАДВОРЕШНА УЧИЛНИЦА,,.

Со почит,

Вработените во ООУ Владо Тасевски-Скопје

М-р, Елка Даскалова

директоp

 

___________________

Соопштение за оглас

Општината распишува оглас за избор на најдобра фотографија на тема  “ Мојата општина” .

Фотографиите треба да бидат развиени во А4 формат.

Сите ученици што сакаат да учествуваат на конкурсот да се пријават кај својот одделенски раководител најдоцна до 21.10.2019 година.

Секое училиште конкурира со максимум 5 фотографии.

Училиштето во посебен плик сликите ќе ги достави до општината со  шифра, име и презиме , одделение и училиште.

Среќно!

___________________

 

Списоци на првачиња по паралелки за учебната 2019/2020 година

ПРВАЧИЊА

—————————–

 

ОГЛАС
за издавање под закуп на фискултурна сала, училници, училишен хол, помошни простории, продавница/киоск и друг административно деловен простор во ООУ Владо Тасевски – Скопје

ОГЛАС

—————————–

Соопштение

ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА 2016-2018 година

1 podracje SAMOEVALVACIJA 2016-2018

____

2 podracje SAMOEVALVACIJA 2016-2018

____

3.Професионален развој на наставници ( подрачје 3 )

____

4 подрачје 2018

____

5 podracje SAMOEVALVACIJA 2016-2018

____

6 2018 samoevaluacija-6 podracje

____

7 подрачје

                                    

     Записник

од Советот на родители одржан на 12.06.2018 година

Дневен ред:

  1. Усвојување на записникот од предходниот Совет на родители
  2. Презентирање на активностите реализирани во 2017/2018 година
  3. Тековни прашања

– поделба на анкетни листови за самоевалуација

 

Советот на родители започна со поздрав од страна на директорот на училиштето, м-р г-ѓа Елка Даскакова која го прочита записникот од предходниот Совет и истиот беше усвоен од страна на присутните членови. Во однос на предходно бараните прашања од страна на одрени родители за одредени цели,директорот м-р г-ѓа Елка Даскакова ги одговори во позитивна конотација.

  1. По првата точка:

Дневниот ред беше едногласо усвоен.

  1. По втората точка:

 

Во текот на Советот беа презентирани активностите реализирани во 2017/2018 година,односно Планот и Програмата за работа на Советот на родители од страна на педагогот на училиштето г-ѓа Билјана Павлеска и дефектологот г-ца Весна Филиповска.Се предложи да се состави комисија од ( 3-5 члена) родители кои ќе дадат предлози за новата Програма која ке стартува од новата учебна 2018/2019 година.

Се истакна дека:а) во училиштето има позитивна клима за работа и меѓусебна соработка ;

б) просекот на деветолетките е 4,78 (60 ученици завршиле со одличен успех од кои 57 ученици со 5,00 просек) што е на доста успешно ниво.

в) се прочитаа наградените ученици и се истакна дека има могубројни пофалници;

г) училиштето оваа година има освоено:

–  28 први места

– 31 второ место

– 28 трети места

д) За првенец на генерација избрана е ученичката Леа Јаначковска;

ѓ) хорот на ООУ Владо Тасевски освои прво место на државно ниво;

е) освоено е прво место за е-отпад од страна на VIIг одделение;

ж) остварени се многубројни предавања за:- сообраќај,природни науки,пубертет….

з) во прво одделение се запишани 118 ученици.

3.По третата точка:

Се објасни работната активност за самоевалуација.На секои две години се изработува самоевалуација со 7 подрачја.Училштето под раководство на директорот м-р г-ѓа Елка Даскалова ,стручната служба,наставничкиот кадар има добиено висока оцена и одличен извештај од интегралната инспекција.Беа поделени анкетни листови за самоевалуација и истите беа одговорени од страна на родителите присутни на Советот.За збор се јави г-н Бране Трпковски,претставник од VIа и VIIа одделение.Господинот искажа пофалба до сите родители,класниот раководител – Сузана Стојановска и директорката што успешно се реши проблемот со ученикот Марко Антонио Тодоров.Ја пофали организацијата на Советот на родители и на директорката.Околу записникот се изјасни дека подобро би било записниците да им се доставуваат на класните раководители и тие да ја презентираат работата на Советот односно да го прочитаат записникот пред сите родители на родителските состаноци и истиот да се подели на сите родители.

Веднаш потоа се јави г-ѓа Адријана Јакимовска Панчевска VIIIа која рече дека ова тело (Советот) има претставник и дека секој претседател од класот има за задача сето она што е запишано во записникот односно се она што се случувало и се одлучувало за Советот на родители .

Господинот Бране Трпковски се изјасни дека учениците се премногу затвотени во училишните простории и дека имаат потреба од чист воздух и прошетки барем еднаш во неделата.Инсистираше дека потребно е наставниците и одделенските раководители  да ги водата децата на разни активности надвор од училиштето за да се воспостави подобра клима за работа и работни способности.Тој понуди и помош за спонзорство за учениците да оже да одат почесто на чист воздух.

Г-ѓа Мери Јосифовска се пријави да одржи час по македонски јазик во V одделение.

Г-нот Горан Крстев претставник од VIIб одделение зема збор и истакна дека треба да се реновира салата.Директорката,г-ѓа Елка Даскалова  кажа дека веќе е поднесено барање до општината и дека се сменети два обрачи.

Г-ѓа Џавче Седефа претставник од  VIIв рече дека може да се дадат предлози за новиот План и програма на училиштето и  дека со меѓусебна соработка ќе се освежи програмата.

Потоа г-н Горан Крстев зема збор и праша што се случува со петицијата што ја потпишуваа родителите  и дали има некаков одговор  за поставување на семафор на крстосницата кај германска амбасада.Директорката г-ѓа Елка Даскалова се обврза да даде повратна информација откако ќе стапи во контакт со одговорните лица.

Г-ѓата Габриела Саздова Јовановска праша за униформите и истакна дека многу е полесно учениците да се снабдуваат со готови униформи кои ќе ги купуваат од продавница.Директорката истакна дека оваа година не склучило училиштето договор со фирмата„Тетекс“ и доколку има некој предлог дека може да се разгледа и да се издејствува да се направи договор.

Директорката г-ѓа Елка Даскалова истакна дека на 22.06 2018 година ќе се одржи родителски состанок,а на 27.06.2018 година, свечено ќе се доделуваат свидетелствата.

Со оваа изјава заврши Советот на родители,а директорката м-р г-ѓа Елка Даскалова им посака уште многу успеси и заедничка соработка.

 

Записничар:

 Верче Атанасова

 

Годишни финансиски извештаи по жиро сметки за 2017

сметка …903

сметка …787

сметка …603

Даночен Биланс за 2017

Годишни финансиски извештаи за 2016

Прилог 1

Прилог 2

Прилог 3

Прилог 4

Прилог 5

Прилог 6

Годишна програма на училиштето ООУ Владо Тасевски-Скопје
Учебна 2017/2018 година

Годишна програма на училиштето ООУ Владо Тасевски-Скопје Учебна 2017/2018 година

Прилог 1

Прилог 2

Прилог 3

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА РОДИТЕЛИ!

Почитувани родители, Ве известуваме дека отворените денови во училиштето за учебна 2017/2018 година ќе се одржат на следните дати:

30.11.2017г.-  четврток 17.30ч-19.00ч
21.12.2017г.-  четврток 17.30ч-19.00ч
25.01.2018г. – четврток 17.30ч-19.00ч
22.02.2018г. – четврток 17.30ч-19.00ч
29.03.2018г. – четврток 17.30ч-19.00ч
26.04.2018г. – четврток 17.30ч-19.00ч
23.05.2018г. – среда 17.30ч-19.00ч

ОТВОРЕНИ ДЕНОВИ ЗА РОДИТЕЛИ!

Почитувани родители, Ве известуваме дека отворените денови во училиштето за учебна 2016/2017 година ќе се одржат на следните дати:

  • Последен четврток во септември – 29.09.2016 год.
  • Последен четврток во ноември – 24.11.2016 год.
  • Последен четврток во февруари – 23.02.2017 год.
  • Последен четврток во април – 27.04.2017 год.

М-р Елка Даскалова

Директор на училиштето

 

ИЗВЕШТАЈ ЗА САМОЕВАЛУАЦИЈА

 2012-2014 година

– Извештај за самоевалуација 2012 – 2014 година

Годишна програма. Развоен план на училиштето. Извештај за самоевалуација

На следниве линкови може да ги погледнете:

– Годишната програма на ООУ „Владо Тасевски“-Скопје

– Развојниот план на училиштето

– Извештајот за самоевалуација

Имајте успешна и исполнета учебна година.

Со почит, ООУ „Владо Тасевски“-Скопје

20.02.2015

 

Запишување на ученици во прво одделение за учебната 2012/2013:

ООУ ,,Владо Тасевски,, Скопје распишува

 ОГЛАС

За запишување на ученици во прво одделение за учебната 2013/2014 година.

Учениците кои се запишуваат во прво одделение треба да се родени 2007 година, поточно до крајот на календарската 2013 година треба да наполнат 6 години.

Исто така право на запишување имаат и деца кои до 31.01. 2014 година ќе наполнат 6 години.

Потребни документи за упис во прво одделение:

Извод од матична книга на родените,

Потврда за примени задолжителни вакцини,

Потврда од стоматолог за извршен стоматолошки преглед, ( се подигнува од Поликлиника Букурешт – ординација по детска и превентивна стоматологија),

Фотокопија од лични карти на родителите,

Потврда за редовен работен однос од двајцата родители ( доколку сакаат детето да биде во целодневна настава).