Денес 02.12.2015 год во ООУ Владо Тасевски-Карпош е одбележан Денот на дрвото.
Под мотото:,, Засади дрво, засади ја својата иднина!,, Учениците со своите наставници за време на часовите работеа по посебна програма , а под мотото:,, Засади дрво, засади ја својата иднина!,,. Се работеше по стандардите oд програмата од областа на екологијата со цел кај учениците да се зголеми свеста за зачувување на планетата Земја, значењето на секое дрво за животот на човекот и правилната исхрана на луѓето. Учениците заедно со вработените во училиштето се вклучија и во акцијата за садење на разни видови садници во дворот на училиштето и непосредната околина.