ЦРВЕН КРСТ НА ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ СКОПЈЕ- КАРПОШ КАМПАЊА ЗА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА

Со мотото ,,Каде што постои љубов и добрина царува хуманоста,, нашето училиште ја одбележа кампањата за борба против гладта.

Истата беше реализирана преку собирна хуманитарна акција  наменета за жителите на домот за стари лица Мајка Тереза во Злокуќани – Скопје.Нашите ученици, родители и вработени под раководство на менаџментот и директорот на училиштето М-р Елка Даскалова,одговорните наставници на Подмладокот на Црвениот крст Соња Тануркова и Снежана Јовкоска, беа хумани, широко ги отворија своите срца и собираа нерасипливи прехранбени продукти-тегла ајвар,слатко,мармалад,компот,млеко,сок,бисквити,какао…….

Акцијата траеше една недела од 16.10 до 22.10.2015 год и беа собрани 15  големи картонски пакети со овие продукти.

Денес на 30.10.2015 год. пакетите беа однесени во домот Мајка Тереза.

Откако наставничката  Тануркова Соња ги поздрави присутните и им се заблагодари за гостопримливоста, заедно со учениците ги даруваа собраните продукти.Времето договорено за дружење со станарите помина многу брзо,но ке остано длабоко и долго во нашите срца.

Одговорен наставник Тануркова Соња