Јазикот на хемијата

Експериментите изведени практично се секогаш интересни и ја будат љубопитноста на учениците кон хемијата. Во соработка со предметниот наставник Сузана Стојанова во ООУ Владо Тасевски, дипл. инж.  технолог  Билјана З. Попова-родител и асистент Бојан Атковски-дипл. инж. технолог од  лабораторијата при Технолошко-Металуршкиот Факултет-Скопје беа изведени повеќе експерименти во времетраење од  еден училишен час (40 минути). Експериментите беа презентирани во кабинетот по хемија на 07.12.2015 год. во согласност со програмата предвидена за осмо одделение. Тие беа дел од темата “Јазикот на хемијата”. Презентацијата ја следеа ученици од  8в одделение.

Се надеваме дека овие практични и интересни експерименти ќе допринесат да се развие љубовта на учениците кон хемијата и во иднина некој од учениците ќе го одбере токму овој предмет за понатамошно професионално изучување.