Ден на дрвото – Засади ја својата иднина!

den_na_drvo-520x312

Денес, 03.12.2014, ООУ „Владо Таасевски“ – Скопје, со свои активности го одбележа „Денот на дрвото“. Имено, учениците од VIII и IX одделение засадија 60 зимзелени дрвца.

Учениците од I, II, VI и VII одделение имаа настава преку која ги реализираа ЕКО содржините според стандардите планирани во Годишната програма.

Учениците од III до V одделение со своите наставници ја проследија театарската претстава во Драмски театар „Џон Пиплфокс“, со цел да видат како треба да се чува морето од загадувачите.

Учениците, членови на Црвениот Крст, го одбележаа и Денот на хендикепираните лица преку работилниците и презентација со Педагогот и Дефектологот.

Учениците од ликовната секција изработуваа фигура со која што ќе учествуваме на конкурсот на „ПАКОМАК“ заедно со својот наставник по ликовно образование, а учениците од VIII одделение, на часот по информатика, изработуваа електронски цртежи со мотиви од „Денот на дрвото“. Дел од изработките, можете да погледнете во прилогот.