ЕКО Проект Зелени стапалчиња

ЕКО Проект Зелени стапалчиња

Нашето училиште учествуваше во реализацијта на проектот ” Зелени стапалчиња ” кој се спроведуваше во сите основни училишта во општина Карпош. Проектот се реализираше во период од 24.09.2018 – 28.09.2019. Во негова реализација учествуваа учениците од V одд. и  наставничките Валентина Клопчевска, Жаклина Миланковска, Соња Јовановиќ Крстевска, Снежана Јовкоска и координаторот Емилија Василева Чоловиќ.

Во текот на неделата на Зелени стапалчиња  учениците со стикери го евидентираа секое еколошко доаѓање и одење ( пеш, велосипед, ролери, тротинет) од училиштето  до дома. Ги детектираа критичните точки на патот од училиште до дома,  твореа на теми поврзани со намалување на загадување на воздухот, играа улоги ” Детективи на патот “, твореа на тема  “Кога би бил градоначалник”. Активностите за подигање на јавната свест за користење на еколошки превозни средства, учениците ги презентираа и на прием кај градоначалникот на општина Карпош.

Со сите спроведени активности во текот на неделата на Зелени стаплчиња, нашето училиште се промовира на светско ниво преку „Climate Aliance“ на Самитот за заштита на климата во организација на Обединетите нации ( Краовице, Полска,  од 3 – 14.12.2018).

Исто така училиштето и учениците  освоија награди за максимално залагање и успешно спроведување на  проект Зелени стапалчиња:
Сертификати за учество – сите одделенија
Капчиња – за најголем број собрани зелени стапалчиња – V б одд.
Велосипед за ООУ Владо Тасевски – награда добиена за сите подготвителни активности пред почетокот на проектот, во текот на реализација и за сите превземени активности од Еко одборот.