Информатичка Кинотека

pofalnica
Чест ни е да Ви соопштиме, дека мини-проектот за учење низ забава „Информатичка Кинотека“, организиран на ниво на седмо одделение успешно заврши!
Проектот беше замислен како натпревар за изработка на кусо видео, во траење од не повеќе од 10 минути, во рамките на изборниот предмет Проекти од Информатика. Учениците имаа за задача да одберат за нив интересна тема, која ќе ги мотивира да се потрудат да го изработат најдоброто видео во своето одделение. Работејќи во мали тимови, составени од 3 до 4 ученика, тие најпрво имаа за задача низ бреинсторминг анализа да се одлучат за најдобрата идеја, тематика и наслов на клипот. Потоа, во тек од 2 работни седмици, следеше период во кој тимот требаше да се состане и организира за да ги сними видео-материјалите и пред истекот на крајниот рок, да ги монтира со користење на едноставната алатка за обработка на видео содржини Movie Maker. Дополнително, учениците имаа можност да импровизираат со користење и на други слични офлајн и онлајн алатки. Содржината и тоа дали тие ќе бидат актери во видеото или ќе изработаат едноставна монтажа на слики, текст и звук, беa оставени на креативноста и желбата на самите ученици.По истекот на периодот за изработка и монтажа, во периодот од 20 до 24 октомври, сите изработени видеа беа презентирани пред комисија од целото одделение и преку гласање беше избрано најдоброто видео и победничкиот тим. Проектот беше замислен како мини-вежба со која учениците ќе ги развијат своите способности за работа во тим, почитување на крајните рокови за изработка на одредена задача, истражување и користење на онлајн средства за учење и комуникација. Главен акцент беше ставен на тоа да се промени начинот на кој учениците гледаат на домашните задачи како обврски, а не како задолженија кои ќе ги мотивираат да ја покажат својата креативност и да ги сработат токму заради нивната забавна страна.

За победниците, следуваше соодветно изненадување: Пофалница за најдобро видео во одделението и награда!

Во прилог се победниците од секое одделение:

VII-a одделение:

Мила Ошавков, Ивона Стојанова и Сара Мицкова

VII-б одделение:

Ангела Сековска, Марија Павловска и Калина Момировска

VII-в одделение:

Филип Трајаноски, Стефан Петровски, Стефан Кофиловски и Милан Митревски

VII-г одделение:

Андреј Кузмановски, Андреј Рафајловски и Борјан Кочковски

 

п.с. Наградата не беше крем-банана, но со сигурност ги израдува победниците и, се надевам, ги мотивираше да работат повеќе и со секој нов настан сличен на овој да се залагаат се повеќе и повеќе и да го извлечат максимумот од себе како ученици, а понатаму во животот и како личности!

Дипл. Инж. Моника Арсеновска, наставник по Проекти од Информатика и Програмирање во ООУ „Владо Тасевски“ – Скопје