На час по природни науки учениците од V одд. раководени од наставничката Емилија Василева Чоловиќ

На час по природни науки  учениците од V одд. раководени од наставничката Емилија Василева Чоловиќ ја имаа улогата на млади истражувачи. Истражуваа и вршеа експерименти во “Веселата лабараторија” предводена од нашиот гостин  Јожица Мајда Серафимовска,  д-р по хемиски науки . Учениците практично ги изведуваа и анализираа процесите испарување, кондензација, дестилација, кристализација.  Одредуваа точка на вриење на дестилирана вода, шеќерна вода и солена вода. Учениците беа среќни и задоволни истражувачи во “Веселата лабараторија” и добија предизвик задача да направат шеќерно лижавче со процес на кристализација.