Учениците од општина Карпош – амбасадори на мирот во светот

    Во ООУ Владо Тасевски на 1. Декември 2015 год., беа врачени почесните награди на двете училишта од општина Карпош, ООУ Владо Тасевски и ООУ Лазо Трповски , кои учествуваа на меѓународниот наатпревар на тема „Градиме мир во нашите срца и души“во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија. Основците од Карпош, Димитар Пренџов, Олег Мирчевски, Тео Георгиевски, Виктор Тотиќ, Елена Стојковска, Лина Гегоска, Искра Илиеска, Лука Тасевски, Моника Алимова, Нина Толевска и Ристо Вељанов, пишуваа за сите деца во светот и нивните права, желби и пораки на љубов и мир.

Тие ги пренесоа своите замисли како се гради мирот во нивните срца, покажаа дека јазикот е алатка и мост на спојување на многу земји и различни култури. Младите поети поттикнати од креативната енергија и имагинација, му покажаа на светот како се надминуваат сите прерасуди поврзани со расата и религијата, уверувајќи не дека мирот започнува во размислите на секој поединец.

Со прозни лични творби напишани во форма на есеи, учествуваа вкупно 12 960 учесници од 148 земји ширум светот.

Наградни сертификати добија и  11 ученици учесници од овие две училишта, а  меѓу наградените на овој реномиран натпревар  почесна награда прими ученичката Елена Стојкоска од ООУ Владо Тасевски.

Наградите на учениците и претставниците од овие две општински училишта  ги врачи почесниот конзул на Јапонија во Македонија г-ѓа Казу Лешниковска .На свеченоста присуствуваа нивните наставници – ментори, Марија Туџарова  и  Виолета Панев. Директорката на ООУ,, Владо Тасевски,,  Елка Даскалова истакна дека особено се радува што учениците се наградени токму оваа година кога  се слави јубилејот од 70 години  постоење на УНЕСКО.  Фактот дека меѓу 150 тина земји во светот Македонија се вбројува во победниците претставена од нашите ученици – амбасадори на мирот во светот , е поттик за  уште многу учества на натпревари и награди во иднина…