Училишната заедница ја посетија манифестацијата ЕДНАКВИ ВО РАЗЛИЧНОСТА

По повод 3ти Декември-Меѓународниот ден на лицата со попреченост, членовите на Училишната заедница заедно со училиштниот дефектолог и педагог ја посетија манифестацијата ЕДНАКВИ ВО РАЗЛИЧНОСТА, која се одржа на Филозофскиот факултет-Скопје во организација на Институтот за дефектологија. Учениците имаа можност да разгледаат дел од рачните изработки на учениците со попреченост од целата држава, да се запознаат со Знаковното писмо за лицата со оштетен слух, Браевата азбука за слепи лица,  тактилно да ги препознаваат браевите знаци и слики, како и да се обидат да се движат користејќи го стапот за слепи лица. Манифестацијата  помина одлично, а учениците се вратија побогати со уште едно интересно искуство.