igalmk

Posts byigalmk

Приемен ден на наставниците (учебна 2015-2016 год.)

НАСТАВНИК ПРЕДМЕТ КОЈ ГО ПРЕДАВА Приемен ден и наставен час Олгица Мешкова Македонски јазик Петок,  2 час Катерина Аницин Македонски јазик Петок,   4 час Соња Деловска Македонски јазик Вторник,    3 час Кети Таневска Математика Понеделник,  3  час Силва Атанасова Математика Среда, 3 час Мирјана Николовска Математика Понеделник  ,  4 час Санда Пулевска Германски јазик Вторник , 4 час Билјана И. Атанасова Англиски јазик Понеделник,

Learn more


TRASH FOR ART 2015

Приказната Trash for art трае веќе 5 години и во неа многу ликови,предмети и магични простори направени од амбалажен отпад.Нашата приказна продолжува и оваа година. TRASH FOR ART 2015 ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ-КАРПОШ-СКОПЈЕ ИЗРАБОТКА: СТОЛНА ЛАМБА Изработиле *Координатор ментор: Рената Младенова Елек *Ментор:Марица Бакоч *Ментор:Наташа Стефановска *Видое Јордановски Ученици: *Сара Елек IX в *Нина Талевска VIIIб *Лина Гегоска VIIIб *Искра Илиевска VIIIб *Ивана Динева VIIIб

Learn more


Јазикот на хемијата

Експериментите изведени практично се секогаш интересни и ја будат љубопитноста на учениците кон хемијата. Во соработка со предметниот наставник Сузана Стојанова во ООУ Владо Тасевски, дипл. инж.  технолог  Билјана З. Попова-родител и асистент Бојан Атковски-дипл. инж. технолог од  лабораторијата при Технолошко-Металуршкиот Факултет-Скопје беа изведени повеќе експерименти во времетраење од  еден училишен час (40 минути). Експериментите беа презентирани во кабинетот по хемија на 07.12.2015 год.

Learn more


Училишната заедница ја посетија манифестацијата ЕДНАКВИ ВО РАЗЛИЧНОСТА

По повод 3ти Декември-Меѓународниот ден на лицата со попреченост, членовите на Училишната заедница заедно со училиштниот дефектолог и педагог ја посетија манифестацијата ЕДНАКВИ ВО РАЗЛИЧНОСТА, која се одржа на Филозофскиот факултет-Скопје во организација на Институтот за дефектологија. Учениците имаа можност да разгледаат дел од рачните изработки на учениците со попреченост од целата држава, да се запознаат со Знаковното писмо за лицата со оштетен слух,

Learn more


Учениците од ООУ Владо Тасевски ја засадија својата иднина.

Денес 02.12.2015 год во ООУ Владо Тасевски-Карпош е одбележан Денот на дрвото. Под  мотото:,, Засади дрво, засади ја својата иднина!,,  Учениците со своите наставници за време на часовите работеа по посебна програма , а под мотото:,, Засади дрво, засади ја својата иднина!,,. Се работеше по стандардите oд програмата од областа на екологијата  со цел кај учениците да се зголеми свеста за зачувување на планетата

Learn more


Учениците од општина Карпош – амбасадори на мирот во светот

    Во ООУ Владо Тасевски на 1. Декември 2015 год., беа врачени почесните награди на двете училишта од општина Карпош, ООУ Владо Тасевски и ООУ Лазо Трповски , кои учествуваа на меѓународниот наатпревар на тема „Градиме мир во нашите срца и души“во организација на УНЕСКО и фондацијата ГОИ од Токио, Јапонија. Основците од Карпош, Димитар Пренџов, Олег Мирчевски, Тео Георгиевски, Виктор Тотиќ, Елена Стојковска,

Learn more


Награди за училиштата од Карпош- ВЛАДО ТАСЕВСКИ и ЛАЗО ТРПОВСКИ

Сторијата за успесите на училиштата од Карпош и во дневниот весник НОВА МАКЕДОНИЈА. Повеќе може да прочитате тука

По повод одбележување на Денови на општина Карпош во ООУ Владо Тасевски беше отворена Детска ликовна изложба

По  повод  одбележување на Денови  на општина Карпош на 30.10.2015 година во ООУ Владо Тасевски беше отворена Детска ликовна  изложба , на која учество земаа училиштата од општина Карпош, при што беа доделени дипломи за освоено I, II и III место. За учество на изложбата дипломи добија и менторите на наградените ученици. По повод  успешно  организирана ликовна изложба во ООУ Владо Тасевски, диплома доби

Learn more


На час во IV б, ПРИРОДНИ НАУКИ

За се што учат по ПРИРОДНИ НАУКИ  учениците од  IV б со наставничката Мирјана Андреска сами претпоставуваат, истражуваат, практично го проверуваат и применуваат. Па коj  ќе каже: ,, вака стекнато знаење се заборава,, – ве лаже. Сега знаат сите дека науката е лесна за што по македонски ќе напишат песна.

ЦРВЕН КРСТ НА ООУ ВЛАДО ТАСЕВСКИ СКОПЈЕ- КАРПОШ КАМПАЊА ЗА БОРБА ПРОТИВ ГЛАДТА

Со мотото ,,Каде што постои љубов и добрина царува хуманоста,, нашето училиште ја одбележа кампањата за борба против гладта. Истата беше реализирана преку собирна хуманитарна акција  наменета за жителите на домот за стари лица Мајка Тереза во Злокуќани - Скопје.Нашите ученици, родители и вработени под раководство на менаџментот и директорот на училиштето М-р Елка Даскалова,одговорните наставници на Подмладокот на Црвениот крст Соња Тануркова и

Learn more