Во чест на претстојниот голем празник на словенската писменост, во нашето училиште денес беше одржан ораторски натпревар. Учениците со свои зборови изразија благодарност кон Светите браќа:
"Вашата прикаска не е завршена.
Се' што направивте го оставивте како жива трага во вечноста, а ние, како Ваши потомци, ќе ја продолжиме Вашата прикаска.
Ви ветуваме дека ќе го сакаме, негуваме нашиот јазик, ќе пишуваме со кирилско писмо. Умот и духот не можат да постојат без јазикот!"
Комисијата ги награди следните ученици:
прво место - Александар Грчев осмо одд
второ место - Калина Јовановски деветто одд.
трето место - Лилјана Тасевска шесто одд.