Согласно Концепцијата за деветгодишно образование издадена од МОН и БРО и Водичот за слободни изборни предмети во ООУ Владо Тасевски-Скопје на учениците од основно образование, за вториот и третиот квартален период на основното образование (IV-VI и VII-IX одд.) ќе им понуди и ќе спроведе прашалник за слободните изборни предмети.
Прашалникот служи за да се формира листата на слободни изборни предмети, а од одговорите што ќе се добијат ќе зависи кои слободни изборни предмети ќе бидат понудени. Прашалникот се пополнува анонимно - никој не го пишува своето име и презиме.
На учениците од вториот и третиот период на основното образование (IV-VI и VII-IX одд.) им се нуди да избираат од четири категории слободни изборни предмети. Затоа, секој ученик треба да одговори онака како што навистина мисли.
Учениците заокружуваат; во кое одделение учат (IV,V, VI ,VII ,VIII, IX)
Четири категории на слободни изборни предмети:
Напомена: Доколку нема доволен број заинтересирани ученици за формиранье на група за предметите кои се избрани или пак доколку училиштето неможе да обезбеди соодветни просторни услови за реализациа на конкретен изборен предмет ќе треба ученикот повторно да избере нов предмет од понудените предмети.