Врз основа на член 60 став 2 и 3 од Законот за основно образование - Службен весник на РСМ бр. 161 од 05.08.2019 год. Општинско Основно Училиште ВЛАДО ТАСЕВСКИ-Скопје Обjавува ОГЛАС За прием на деца во прво одделение во учебната 2024/2025 година Прием на деца за упис во прво одделение започнува од 02.05.2024 до 31.05.2024 година. Во прво одделение родителот е должен да го запише детето кое до крајот на календарската година ќе наполни ШЕСТ години. По исклучок, во прво одделение може да се запишат деца кои до 31 јануари наредната година ќе наполнат 6 години, по барање на родителот и добиено мисленье од педагог, дефектолог и психолог во училиштето. За упис во прво одделение, родителот потребно е да се јави на телефон 075 803 187 за да закаже интервју кое ќе се одвива во училиштето. Потребни документи за упис:
1. Извод од матична книга на родените (фотокопија);
2. Лична карта од родителите - ЗАДОЛЖИТЕЛНО СО АДРЕСА ОД НАШ РЕОН (фотокопија или на увид);
3. Потврда за систематски преглед на орална празнина од стоматолог (Таа се подигнува од Поликлиника Букурешт-ординација по детстка и превентивна стоматологија);
4. Потврда од извршен офталмолошки преглед;
5. Потврда за примени задолжителни вакцини-издадена од надлежна здравствена установа.
* При упис на дете со потешкотии задолжително да се достави функционална проценка од МКФ*
*На закажаниот термин родителите да дојдат ИСКЛУЧИВО СО ЦЕЛОСНА ДОКУМЕНТАЦИЈА.*