ДОБРЕДОЈДОВТЕ ПРВАЧИЊА

По повод првиот училишен ден, ООУ “Владо Тасевски” ги отвори вратите за новите првачиња и останатите основци. Во рамките на добро познатиот датум, први септември, Денот кога започнува учебната година, во холот на ООУ “Владо Тасевски се одржа свечена приредба со музички и театарски точки во знак на пречекување на новите основци.  Директорката на ООУ „Владо Тасевски“ М-р Елка Даскалова ги поздрави првачињата и им посака успешна учебна година и среќен почеток.