МИСИЈА

Нашето училиште го унапредува социо-емоционалниот развој, менталното и физичкото здравје на учениците, обезбедува стекнување на квалитетно знаење, вештини и ставови со примена на современа методологија, и информатичка технологија, овозможувајќи индивидуален развој на секој ученик, почитувајќи ги оригиналностите и различностите, негувајќи ја инклузивноста, довербата, соработката и пријателскиот однос помеѓу учениците, наставниците и родителите, се со единствена цел, да создадеме добри среќни личности, луѓе со добар карактер кои добронамерно ќе и служат на нашата татковина.


ВИЗИЈА

Да сме училиште во кое сите, вработени и ученици, доаѓаат на училиште со задоволство, да креираат пријатна атмосфера, за соработка и учење, да чувствуваат припадност кон училишната заедница.

Image of Biljana Pavlevska, employee of Vlado Tasevski.
Биљана Павлеска
Педагог

023082728

strucnasluzbavt@gmail.com

An image of Vesna Filipovska, employee of Vlado Tasevski.
Весна Филиповска
Специјален Едукатор

023082728

strucnasluzbavt@gmail.com

An image of Marija Eftimova Popova, an employee at Vlado Tasevski.
Марија Ефтимова Попова
Психолог

023082728

strucnasluzbavt@gmail.com

An image of Valentina Klopchevska, employee at Vlado Tasevski.
Валентина Клопчевска
Социолог

023082728

strucnasluzbavt@gmail.com

An image of Tashko Gochev, secretary of Vlado Tasevski.
Ташко Гочев
Секретар

078313402

v.tasevski@yahoo.com

Проекти

Училишни Информации

A picture of Vlado Tasevski's director, in her office.

Викторија Кочевска, Директор

v.tasevski@yahoo.com
078313412

Работата на директорот е насочена кон органзирање на севкупната работа на училиштето, во организација и реализација на воспитно - образовната и стручната работа, како и во обезбедувањето на најоптимални услови за нормално изведување на наставата.

Поставените цели и задачи  ги остварува во согласност со законските нормативи и Годишните програми за работа на училиштето, кои се појдовна основа за успешна реализација на наставата и подобрување на квалитетот на училиштето.

Раководењето на директорот е структуирано во пет подрачја согласно професионалните компетенции за директори на основни и средни училишта:

1. Водство;

2. Раководење со човечките ресурси;

3. Педагошко раководење на училиштето;

4. Финансиско раководење и

5. Законско и административно работење на училиштето.