Хуманитарната акција – “Подај рака – донирај за твојот сосед”

ООУ Владо Тасевски-Скопје, со своите ученици, родители и вработени во училиштето активно се вклучи во  хуманитарната акција „Подај рака – донирај за твојот сосед, организирана од страна на општина Карпош.

Се  донираа трајни прехранбени продукти и средства за хигиена, преку пунктот кој беше поставен пред главниот влез на училиштето со почитување на сите Протоколи за заштита и безбедност на учениците, родителите и вработените.

Хуманитарната акција беше успешна спроведена за што в.д директорот на училиштето изразува голема благодарност до родителите, учениците и вработените од ООУ Владо Тасевски.